Стотина првачиња од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром, денеска посреќни си заминаа дома, откако на подарок добија новогодишно пакетче од кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром. Подароците ги поделија капитенот Дамјан Стојановски, заедно со репрезентативните и клупски колеги Андреј Магдевски и Андреј Маслинко, како и директорот на клубот, Тони Грнчаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА