Милвоки лесно и убедливо триумфираше на гостувањето против Чикаго (102-123), за успешен крај на 2019 година и најави дека овој тим во новата година сериозно ќе атакува на титулата во НБА-лигата. Јанис Адетокумбо се врати во тимот по ситната повреда и го предводеше својот тим со дабл-дабл од 23 поени и 10 скокови. Милвоки на овој меч беше посилен и за Ерик Бледсо, кој одигра 16 минути на камбекот постигнувајќи 15 поени.
Пресудна беше третата четвртина во која нападот на Милвоки функционираше беспрекорно, гостите постигнаа 40 поени (25-40) и си го трасираа патот до победата.
Вашингтон и без неколку повредени клучни кошаркари го изненади Мајами со 123-105, нанесувајќи му пораз на треторангираниот тим во Источната конференција. Мајами имаше водство од 29-39 по првата четвртина, но домаќините одиграа извонредно во вториот период го добија вториот период со 42-24 и потоа го контролираа резултатот до самиот крај. Мекре со 29 и Махимни со 25 поени беа најефикасни во таборот на Вашингтон, додека прв стрелец на Мајами при синоќешниот пораз беше Џими Батлер со 27 поени.
Резултати НБА:
Орландо – Атланта 93-101, Вашингтон – Мајами 123-105, Чикаго – Милвоки 102-123, Минесота – Бруклин 122-115 (по прод.), Јута – Детроит 104-81, Портланд – Феникс 116-122.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА