Винс Картер – единствен во НБА кој играл во четири декади (ВИДЕО)

Ја фати ерата на Мајкл Џордан, а во НБА дебитираше кога ајфонот беше само идеичка на Стив Џобс. Во неделата против Индијана, Винс Картер кој има 42 години стана првиот НБА кошаркар кој играл во четири декади.

За Атланта дебитираше во 1990 години и игра во сите следни децении. Како пластична илустрација за историскиот момент во кариерата на Картер – четворица негови соиграчи, Бруно Фернандо, Тре Јанг, Кевин Хуертер и Кем Редиш не беа ниту родени кога тој беше првпат драфтуван во Лигата.

„Веројатно сега имам и повеќе натпреварувачки дух затоа што знам дека се ближи крајот. Никогаш не замислував дека ќе играм толку долго. Кога стигнав до 15 години од кариерата се чувствував добро и решив да продолжам. Еве ме седум години подоцна. Ова е неверојатно чувство“ – изјави Картер.

Ова не е првпат Картер да создава историја. Во август кога потпиша едногодишен договор со Атланта во која е повратник, тој стана првиот играч кој има 22 сезони во НБА лигата. Ги надмина легендите кои имаат по 21 сезона, Дирк Новицки, Кевин Гарнет, Кевин Вилис и Роберт Периш.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...