Ветеранот Винс Картер доби овации од гледачите во арената на Бруклин во која беше за последен пат во кариерата. Тој со Атланта загуби на ова гостување, но навивачите ја поздравија легендата која ја игра последната сезона.
Картер во оваа франшиза која тогаш се нарекуваше Њу Џерси Нетс беше во периодот од 2004 до 2009 година по шесте сезони минати во Торонто. Картер потоа се селеше во Орландо, Феникс, Далас, Мемфис и во Сакраменто. Во НБА лигата беше драфтуван во 1998 година од Голден Стејт како петти пик.
Винс Картер на овој натпревар имаше и емотивна средба со Кајри Ирвинг.
Kyrie Irving & Vince Carter embrace postgame in Brooklyn. #PhantomCam pic.twitter.com/XNaHItIq3u
— NBA (@NBA) January 13, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

