Даде два гола за Ливерпул против Работнички, сега едвај најде клуб во Литванија

Францускиот напаѓач Давид Нгог е уште еден пример за талент што рано заминал во голем клуб, но потоа неговата кариера вртоглаво се движи во надолна линија.

Овој играч како тинејџер замина од ПСЖ во Ливерпул за 1,5 милиони евра, но многу ретко добиваше шанса во првиот тим на „црвените“. Една од тие ретки можности му беше дуелот со Работнички во Скопје во рамките од европските купови, кога токму Нгог со два гола му донесе триумф на Ливерпул од 0-2.

Наскоро потоа тој се пресели во Болтон за 4,5 милиони евра, а како што одминуваше времето, таака се намалуваше и квалитетот на неговите клубови. Французинот по Болтон играше за Свонси, потоа Ремс, Паниониос, за во 2018 година да замине во шкотскиот Рос Каунти, од каде потоа се пресели во унгарски Хонвед, за кого постигна 15 гола на 41 одигран натпревар.

Од денеска пак Нгог е дел од литванскиот шампионат, откако овој фудбалер реши да ја прифати понудата на Жалгирис.

Дефинитивно, не е трансфер од соништата на играч што некогаш важеше за голем талент на францускиот фудбал.

Се вчитува...