„Ќе го нокаутирам само поради неговото однесување кон тренерот“

Деонте Вајлдер беше брутално нокаутиран од Тајсон Фјури во борбата која се одржа на 22. февруари. Вајлдер така остана без појасот во супертешка категорија во ВБЦ верзијата забележувајќи го првиот пораз во кариерата. Во седмата рунда тренерот Марк Бреланд го фрли пешкирот прекинувајќи го „ќотекот“ кој го изеде Вајлдер од Фјури. По мечот Вајлдер го понижи Бреланд не дозволувајќи му да влезе во соблекувалната.

Уште еден британски боксер, Дилан Вајт е еден од предизвикувачите во ВБЦ верзијата, но тој е подготвен да се бори и против Вајлдер иако Американецот во моментов нема титула светски шампион. Тој му се закани на Вајлдер дека ќе го нокаутира само поради односот према тренерот, нешто што според него не треба да биде дозволено во професионалниот спорт.

„Марк Бреланд беше светски шампион. Губеше мечеви, бил нокаутиран и добро го познава Вајлдер. Сите во тимот само му климаат со главата, но Бреланд е голем професионалец. Треба да му се даде медал, а не да се однесуваш кон него на таков начин. Поради тоа не го почитувам Вајлдер и затоа сум убеден дека ќе го нокаутирам побрзо од тоа што го направи Фјури. Ќе го нокаутирам само поради неговото однесување према тренерот“, изјави Бреланд. 

 

Се вчитува...