Првиот тениски турнир од Мастерс 1000 серијата за 2020 година, Индијан Велс нема да се одржи поради опасноста од вирусот COVID19 соопшти организаторот. Со оглед на прогласената вонредна состојба токму во Калифорнија во областа каде што се одржува турнирот, а поради препораките на медицинските лица од опасноста за поголемо ширење на болеста, организаторите решија турнирот да не се одржи во предвидениот термин.
„Разочарани сме што турнирот нема да одржи, но здравјето на локалната заедница, тенисерите, навивачите, волонтерите, спонзорите, вработените и на сите инволвирани во настанот се од поголемо значење. Подготвени сме да го одржиме турнирот во било кој друг термин“ – вели директорот на турнирот, Томи Хас.
Индијан Велс требаше да почне на 12 месецов и за трае до 22 март. Следен турнир од Мастерс 1000 серијата е Мајами чиј почеток е предвиден на 25 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА