Алекс Морган пред извесно време импресионираше со голгетерски тренинг во петти месец од бременост, но американската фудбалерка ги мина сите граници со последното објавено видео, како тренира напорно во деветти месец од бременоста.
Погледнете ја снимката од овој турбо-тренинг на Американката, која е инспирација за многумина со ваквото однесување, судејќи според коментарите што беа поставени под видеото на нејзините профили на социјалните мрежи.
Со ваков став и карактер, јасно е дека Морган ќе настојува што поскоро да се врати на терените и да му се стави на располагање на селекторот на САД, Македонецот Влатко Андоновски.
Alex Morgan is still putting in work at nine months pregnant ? pic.twitter.com/MMlWkJSIdg
— Athlete Swag (@AthleteSwag) April 13, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА