Поранешниот репрезентативец на Бразил и некогашен член на англискиот премиер-лигаш Челси, Оскар сака да настапува за репрезентацијата на Кина. Тој во моментов е дел од кинескиот прволигаш Шангај СИПГ каде друштво му прават Хулк и Марко Арнаутовиќ.
Тој го напушти Челси во 2017. година, а оттогаш за Шангај забележа 123 настапи на кои постигна 39 гола. Оскар за „кариоките“ во кариерата забележа 48 настапи на кои 12 пати се запиша во листата на стрелците, но дел од националниот тим последен пат беше во октомври 2016 година кога против Венецуела остана само на клупата за резервни фудбалери.
Тој откако се пресели на Далечниот Исток не е веќе во комбинација за настап во бразилската репрезентација, па затоа искусниот фудбалер сака да го промени дресот и да настапува за Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА