Поранешниот македонски репрезентативец Славчо Георгиевски – „Тупан“ е нов кормилар на Тетекс, објави попладнево тетовскиот второлигаш. Тетовци ја стартуваа сезоната со Ивица Јовановски на тренерската функција, но денеска беше донесена одлука за разделба од овој стратег и именување на Георгиевски за нов предводник на Тетекс.
Покрај новиот стратег, Тетекс се засили и со тројца нови фудбалери, и тоа Борјан Пановски и Христијан Вецески од Работнички и Лазар Пеев од редовите на Борец Велес.
Тетовци во првите две кола претрпеа два порази, а Георгиевски ќе дебитира на клупата на овој тим на гостувањето против Велешта во рамките од третата рунда од Втората лига – запад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА