Крос бесен: Ние сме само марионети во рацете на ФИФА и УЕФА

Тони Крос ќе настапи за Германија на вечерашниот пријателски дуел со Чешка, но асот на Реал Мадрид во најавата за дуелот не говореше за противникот, туку се пожали на третманот што професионалните фудбалери го имаат од ФИФА и УЕФА. Причината е јасна – згуснатиот распоред од натпревари на клупски и репрезентативен план поради кој врвните фудбалери настапуват најмалку на два натпревари неделно.

„Ние сме само марионети во рацете на ФИФА и на УЕФА. Тие воопшто не размислуваат на играчите, на нашето здравје, туку мислите им се насочени само кон правењето на пари. Лигата на Нации и Светското првенство се натпреварувања кои постојат само за да се заработат што повеќе пари“, истакна Крос.

На истиот проблем неодамна се осврна и асот на Манчестер Сити, Кевин де Бруине.

„Некогаш сум загрижен, особено кога ја гледам својата ситуација. Имав само осум или девет слободни денови, не можев ниту да одам на одмор бидејќи сопругата ми беше бремена. Ако ова се продолжи, ќе значи дека играм две години без престан. Никој не ги слуша фудбалерите, само ни одговараат да издржиме бидејќи заработуваме многу пари“, комeнтираше плејмејкерот на Сити и на белгиската репрезентација.

Се вчитува...