Пандемијата на коронавирус донесе новитет и во НБА драфтот кој за прв пат во историјата се одржа онлајн. Првото место за бирање овој пат и припадна на Минесота, која го одбра бек шутерот Ентони Едвардс од универзитетот на Џорџија.
Како втор пик на драфтот беше одбран Џејмс Вајсмен кој НБА кариера ќе ја започне во Голден Стејт, додека Ламело Бол како трет пик заврши кај Мајкл Џордан и Хорнетс.
Европското „џудо од дете“, Дени Авдија заврши во составот на Вашингтон како девети пик. Србинот Алексеј Покушевски и Црногорецот Марко Симоновиќ завршија во редовите на Минсесота како 17. пик, односно Чикаго како 44. пик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА