Македонската фудбалска репрезнетација со пад од десет места на ранг листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од десет места на ранг листата на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Откако на претходните рангирања на 7. април и 27. мај, „црвено-жолтите“ се наоѓаа на 62. место на листата, сега сме на 72. место.

И покрај тоа што не се прослави на Европското првенство, прва на листата останува Белгија, додека во топ 10 своето место го најдоа и Бразил, Франција, Англија, Италија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД.

Од ривалите со кои се среќавме во квалификациите за Светското првенство 2022 година најдобро рангирана е Германија на 16. место, следи Романија на 45. место, Исланд на 53. место, Ерманија на 88. место и Лихтенштајн на 189. место.

Се вчитува...