Македонската кошаркарска репрезентација првиот квалификациски прозорец за Светското првенство 2023 ќе го помни по одличната ноќ на Теодор Симиќ, 17-годишникот кој на светскиот првак Шпанија и даде 18 поени со реализација 6/8 од поле со 3/4 зад линијата 6,75.
Одличната вечер на младиот Македонец не ја заборави ниту ФИБА која во својот избор на десетте млади кошаркари кои го одблежаа ноемврискиот прозорец имаше само пофални зборови.
„Најмладиот на листата, Симиќ не покажа страв играјќи за Македонија на интернационалната сцена. Проспектот на Барселона забележа само 14.7 минути во просек на два натпревара, но Симиќ остави белег со 18 постигнати поени против Шпанија, со не помалку од 75 отстотна реализација“, стои во објавата на европската куќа на кошарката.
Покрај Македонецот на оваа листа се најдоа и Србинот Филип Петрушев, Полјакот Александер Балчеровски, Финецот Микел Јантунен, Хрватот Роко Пркачин, Израелецот Јам Мадар, Германецот Јустас Холатз, Холанѓанецот Кеј Ван дер Вурст, Босанецот Кенан Камењаш и Бугаринот Емил Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА