Екипата на Еурофарм Пелистер го повика Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ и Филип Арсеновски од вториот тим, за подготовките за натпреварите против Целје, Пивоварна и ППД Загреб.
Кузманоски кој блесна во македонската репрезентација на ЕП 2022 година, сега ќе има можност да тренира со првиот тим. Речиси е сигурно дека летоска сигурно ќе биде прекомандуван во првиот тим на битолчани.
Стипе Мандалиниќ, Мирко Радовиќ, Никола Маркоски, Бојан Маџовски поради повреди и Мате Мараш кој учествува на ЕП, нема да бидат на подготовките на Еурофарм за овие натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА