Шведскиот селектор Глен Солберг се соочува со сериозни проблеми во пресрет на утрешната полуфинална пресметкa со Франција, во која скандинавската селекција по се изгледа ќе ја има улогата на аутсајдер.
Првиот голман Андреас Паличка е позитивен на коронавирус заедно со Феликс Клар, а на листата се приклучи и Лукас Сандел, кој мораше да биде заменет со Линус Персон.
Згора на тоа, во текот на денешниот ден пристигнала информација и за суспектни резултати на тестовите на Хампус Ване, Никлас Екберг и на Даниел Петерсон.
„Нашата репрезентација доби информација дека Хампус Ване, Никлас Екберг и Даниел Петерсон, кои веќе го имаа победено коронавирусот и прогласени за здрави, добиле суспектни резултати. До следната одлука, овие тројца ракометари остануваат во самоизолација“, објави Шведската Ракометна Федерација.
Јасно е дека ова трио ќе го пропушти последниот тренинг пред полуфиналето, а ЕХФ дури утре ќе донесе одлука дали Шведска ќе може да смета на тројцата ракометари или тие од своите хотелски соби ќе мора да го следат мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА