Чешка ќе биде финалната пречка на Македонија на патот до СП 2023 доколку нашите ракометари во првиот бараж дуел успеат да ја елиминираат Романија.
Ждрепката во Будимпешта им беше наклонета на нашите ракометари, кои избегнаа пресметки со Германија, Исланд, Унгарија… за ривал добивајќи ја Чешка, репрезентација со која многу пати сме се среќавале во квалификациите за големите натпреварувања и најчесто овие спортски приказни завршувале со „хепиенд“ за Македонија.
Првиот меч од оваа втора рунда од баражот ќе се игра на 11 април, а конечната одлука околу патникот на СП ќе биде донесена на реваншот закажан за 17 април.
Најпрвин, сепак ќе мора да биде елиминирана Романија, за ракометарите предводени од селекторот и капитен Кире Лазаров против Чешка да водат битки за мундијалски пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА