Велковски: Очекувам далеку поразличен натпревар против Ним од тој во Битола

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер утре ќе му гостува на францускиот Ним во седмото коло од групната фаза во Лигата на Европа. Ова е прв меч за „битолчани“ во континенталното натпреварување во новата 2022 година.

Бекот на Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски пред натпреварот вели дека ги чека тежок натпревар, но очекува тој да биде поразличен од првиот кој го загубија во Битола.

„Мислам дека нè чека тежок натпревар, бидејќи Ним е квалитетна екипа и тоа го покажа низ Европската лига. Мислам дека ќе биде поразличен натпревар од оној во Битола. Тогаш ние влегувавме во форма, а тие беа во врвот на нивната игра. Сега мислам дека играат малку послабо. Детално ги анализираме, еве вчера играа натпревар од француската лига. Мислам дека постои шанса, бидејќи играме добро и сме се подобри и подобри и се надевам дека ќе ја продолжиме нашата серија. Мислам дека заслужено ја направивме залихата во групата, бидејќи навистина добро игравме. Ни следат и домашни натпревари во Европската лига, целиме на победи и на тие натпревари и се надеваме на подобар пласман на минатогодишниот во групната фаза. Дуелите со Партизан и Бутел беа добра подготовка. Видовме како е да се игра под притисок. Непосакуван беше натпреварот во Бутел, но густ е распоредот и одеднаш ни дојдоа многу натпревари. Можеби тоа нè разбуди и мораме да бидеме подобри и не смее да дојде до опуштање“, вели Велковски. 

Натпреварот меѓу Ним и Еурофарм Пелистер е закажан за утре со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...