Периќ: Добивме тешка шаховска партија, растеме од натпревар во натпревар

Еурофарм Пелистер е на добар пат за освојување и на првото место во групата Д во Лигата на Европа, откако вечерва на домашен терен славеше над Кадетен Шафхаузен со 27-26, додека лидерот Ним загуби на гостувањето кај АЕК со 34-30.

Капитенот на „битолчани“ Јосип Периќ кој беше најефикасен со седум гола по натпреварот изјави дека уште еднаш покажаа дека растат од натпревар во натпревар.

„Одигравме една вистинска шаховска партија. Физички, беше тежок натпревар. Но мислам дека реално добро бевме подготвени и ментално и тактички. Го контролиравме натпреварот 60 минути, покажавме добар карактер. Во последните минути нашиот голман беше клучен и ни донесе поени. Демонстриравме дека сме добар тим и дека растеме од меч во меч“, изјави Периќ.

Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе и гостува на унгарската Татабања.

 

Се вчитува...