Божидар Мојсов, помошникот на главниот тренер на Еурофарм Пелистер Жељко Бабиќ се појави на прес-конференцијата по натпреварот со Нексе. Тој рече дека заморот го зел данокот, и дека воопшто не било лесно да се играат пет меча во девет дена.
Мојсов напомена дека сега тимот ќе оди по титулата во домашното првенство.
„Им честитам на ракометарите на Нексе за победата и многу успех и им посакувам место на „фајнал-фор“. Што се однесува до нас, одигравме еден тежок меч. Сакате верувале, сакате не, играчите беа истрошени, имавме пет натпревари во девет дена. Не успеавме да се рекуперираме и да одиграме успешно. Нексе беше поцврст кога беше потребно и тука ние ја испуштивме нашата шанса. Благодарност до навивачите, едноставно заслужија барем победа. Сега се фокусираме на она кое ни остана, тоа е да ја донесеме титулата во Битола“, изјави Мојсов.
Вечерва Нексе триумфираше и во Битола со 22-21, и се пласираше во 1/4 финалето во Европската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА