Играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ сака да остане во Барселона, и во целост да го испочитува договорот со „Каталонците“. Сепак, се појави информација дека Ал-Наср од Саудиска Арабија го сака репрезентативецот на БИХ, како и дека самиот претседател на Барселона одлетал таму на преговори.
Меѓутоа сето тоа е само дезинформација. Пјаниќ и порано демантираше дека ќе оди во Саудиска Арабија, а тоа го стори и првиот човек на Ал Наср, Мусали Ал-Муамар.
„Се разбудив со 324 пораки во телефонот. Се колнам на Бога, немаме ништо со Барселона, и немаме преговори со Пјаниќ. Нашиот тим е комплетен“, изјави помеѓу другото Ал-Муамар.
Саудиска Арабија е земја во која фудбалерите може добро да заработат. Во моментов во таа лига играат Александар Трајковски, а ќе му се приклучи и Дарко Велковски. До неодамна беше и Езџјан Алиоски, но тој се реши да се пресели во Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА