Ѕвездата на ПСЖ и Аргентина, Лионел Меси беше ангажиран како главна ѕвезда во најновиот рекламнен спот на „Пепси“, со кој се најавува спектакуларното отворање на Мундијалот во Катар кој почнува веќе следниот месец.
Аргентинецот се најде во друштво на Пол Погба и неговиот поранешен соиграч Роналдињо. Настаните во видеото се случуваат низ улиците во Доха и носат интересен крај, со Меси во главна улога.
Светското првенство во Катар започнува на 20-ти, а ќе заврши со мечот за светска титула, на 18 декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА