Ненад Димитријевиќ и Уникс Казањ продолжуваат со одличните игри во регионалната ВТБ-лига откако тимот на македонскиот ас во четвртото коло ја забележа и четвртата победа. Вториот домашен дуел за Уникс ја донесе и втората „стотка“ за Димитријевиќ и соиграчите, кои денеска беа убедливи на дуелот со Астана со 109-54.
Уникс одигра одлично во нападот во текот на целиот меч, но мора да се истакне промената во одбраната во второто полувреме. Имено, откако на одмор се замина со предност на фаворитот од 55-40, но Уникс одигра маестрално во дефанзива во вторите 20 минути, во кои Астана постигна само 14 поени (32-6 во третата, 22-8 во четвртата четвртина).
Поради убедливата предност Димитријевиќ имаше нешто помала минутажа од вообичаено, но македонскиот плејмејкер сепак стигна до одлични бројки од 11 поени и 9 асистенции. Најефикасни во таборот на Уникс беа Хантер со 20 и Лабери со 17 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА