Крајот на љубовта меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара дефинитивно не значи и крај на сапуницата поврзана со аргентинскиот голгетер и неговата сопруга и менаџерка.
Ванда објави дека се разведува од фудбалерот и неодамна разголена се појаво во видео-спот со 14 години помлад аргентински рапер, по што веднаш следеше и реакција на Икарди – отказ за Нара од менаџерската функција. Таа е грижеше за кариерата на голгетерот откако двајцата стапија во брак, но сега кога на љубовта дојде крај, завршува и бизнис-соработката меѓу нив.
Нара не се помирува, па најавила тужба со која ќе бара еден милион евра од Икарди за овој прекин на соработката. Тоа е сума што таа смета дека ја заслужува бидејќи била менаџерка на Аргентинецот за неговата договорена преселба во Галатасарај, но Икарди не сака ни да чуе за ваква исплата.
Едно е сигурно, сагата ќе продолжи уште долго, допрва следи бракоразводната парница и делбата на имотот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА