Лорис Кариус е на добар пат предвреме да ја заврши кариерата откако германскиот голман доби отказ само четири месеци откако потпиша договор со Њукасл.
Тој ќе остане запаметен по катастрофалните грешки на голот на Ливерпул на финалето од ЛШ против Реал Мадрид одиграно во 2018 година, по што кариерата вртоглаво почна да му се движи во надолна линија. Следеа неуспешни позајмици во Бешикташ и во Унион Берлин, а откако му истече договорот со Ливерпул летово му се приклучи на Њукасл.
Само неколку месеци беа доволни за „црно-белите“ да ја раскинат соработката со овој голман, кому ако ништо друго, барем му тргна во љубовта. Германецот неколку месеци е во врска со Дилета Леота, преубавата италијанска новинарка со која заедно ги мина и божиќните и новогодишните празници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА