Колумбиската пејачка Шакира, објави нова песна откако раскина со екс фудбалерот на Барселона и поранешен шпански репрезентативец Жерард Пике.
Песната наречена TQG – Te Quedó Grande, пејачката ја објави во соработка со колумбискиот пејач Карол Џи. Песната е посветена на Пике, исто како и претходната.
Песната ги содржи сследните зборови: „Бејби, што се случи? Зарем не си вљубен? Зошто повторно ме бараш ако знаеш дека не ги повторувам грешките? Бев повредена кога те видов со нова девојка, но не заборавив што доживеавме. И те повреди. Мојот живот стана уште подобар. Повеќе не си добродојден тука, твојата нова девојка ме нападна и тоа ме налути…“, стои во песната, а потоа продолжува.
„Сакаш да ми се вратиш? Така и си мислев. Ставаш лајкови под моите фотографии“.
Претходно Шакира објави песна за разделбата со Пике со стиховите: „Замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио“.
Шакира и Пике беа во врска 12 години, а летото 2022 година раскинаа. Беше објавено дека фудбалерот ја изневерил пејачката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА