Ракометниот шампион на Македонија без никакви проблеми славеше на традиционално тешкото гостување во Битола кај вториот тим од овој град Еурофарм Пелистер 2 откако вечерва славеше без проблеми со убедливи 18-25 во натпревар од 4. коло од плеј-офот од Суперлигатa.
„Црвено-црните“ одиграа силно во одбраната во текот на целото прво полувреме во кое на противникот му дозволија само седум погодоци, а тие на пауза во „Боро Чурлевски“ заминаа со позитива од плус пет (7-12).
Во вториот дел избраниците на Владо Недановски продолжија со силната игра во одбрана и во првите десет минути на противникот му дозволија само два гола (7-19). До крајот шампионот само рутински го приведе мечот за конечни …
Дејан Манасков со 13 гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Павле Петровиќ постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА