Еурофарм Пелистер кој пред само неколку дена ја прекина соработката со данскиот стратег Ларс Валтер денеска го потврди новиот ангажман на „жешкото столче“. На истото е назначен доскорешниот предводник на вториот тим на битолчани, Александар Јовиќ, а нему од позицијата стручен тим-менаџер ќе му помага поранешниот селектор на Македонија, Звонко Шундовски.
Јовиќ кој тренерската карира ја започна во Метралуг беше дел од Еурофарм Пелистер 2 во претходните четири сезони и со младиот состав забележа големи успеси. Во сите сезони успеа да се пласира во плеј-офот, а притоа забележа и сензационална победа против Вардар.
Новиот ангажман на позиција тим-менаџер воедно значи и враќање на Шундовски во Битола од кој се очекува да биде од голема помош со оглед на богатото интернационално и репрезентативно искуство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА