Шундовски и Јовиќ ја почнаа новата ера во Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Еурофарм Пелистер кој пред само неколку дена ја прекина соработката со данскиот стратег Ларс Валтер денеска го потврди новиот ангажман на „жешкото столче“. На истото е назначен доскорешниот предводник на вториот тим на битолчани, Александар Јовиќ, а нему од позицијата стручен тим-менаџер ќе му помага поранешниот селектор на Македонија, Звонко Шундовски.

Двоецот кој во минатото носеше многу радости и во репрезентацијата на Македонија денеска со тренинг ја почна „новата ера“ во клубот како што велат од Битола.

 

 

Се вчитува...