Франција без проблеми ја совлада Полска

Ракометната репрезентација на Франција без проблеми славеше на гостувањето кај Полска со 28-38 во натпревар од 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.

Французите уште од стартот почнаа фуриозно. Го полнеа голот на Полјаците од секоја позиција, а на пауза заминаа со двојно повеќе погодоци од противникот (11-22). Во второто полувреме избраниците на Жилом Жил само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 28-38.

Дилан Наи со десет гола беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Андржеј Видомски постигна пет.

 

Се вчитува...