Ракометната репрезентација на Турција потешко од очекуваното славеше на гостувањето кај аутсајдерот Луксембург во натпревар од 3. коло од групата 1 во кој се наоѓа и Македонија од квалификациите за пласман на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.
Турците отворија одлично. Го контролираа мечот во текот на целото прво полувреме и на пауза заминаа со плус четири 10-14. Во вториот дел домаќините заиграа далеку подобро. Во неколку наврати успеваа да дојдат и до минус, а во последните пет минути влегоа во егал 28-28. Сепак, Турците успеаја некако да се извлечат и да стигнат до победа од 29-30.
Енис Хачиоглу со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Жак Тиронзели заврши со ист број.
Утре својот натпревар од оваа група во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го одиграат Македонија и Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

