ПСЖ осигура уште едно значајно засилување за наредната сезона откако потпиша договор со Кент Робин Тонесен, десниот бек кој доаѓа од редовите на Пик Сегед.
Норвешкиот репрезентативец во кариерата настапуваше за Савехоф, Вецлар, Фуксе Берлин, Веспрем, а беше член на Пик Сегед од 2021 година, освојувајќи и една шампионска титула со овој унгарски ракометен гигант. Тој сепак се реши за нов предизвик во кариерата, а од неколкуте понуди на маса ја прифати онаа на францускиот првак предводен од Раул Гонзалес.
„Ова е многу значаен чекор напред во мојата кариера. Секој врвен ракометар сонува да го облече дресот на ПСЖ, не се сомневам дека ќе продолжам да напредувам во друштво на елитни ракометари, под водство на врвен стручен штаб. Со нетрпение го очекувам овој предизвик, да го давам максимумот за ПСЖ“, изјави Тонесен по потписот на двогодишниот договор со „светците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

