Турција овојпат без проблеми против Луксембург

Ракометната репрезентација на Турција откако се мачеше на гостувањето кај Луксембург на кое стигна до победа со гол во последната секунда, овојпат на домашен терен ја оправда фаворитската улога против аутсајдерот триумфирајќи со убедливи 31-20.

Турците уште во првото полувреме ја покажаа на теренот разликата во квалитет и на пауза отидоа со девет голови предност 17-8. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 31-20.

Шевкет Јагмуроглу со седум гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Јосип Илиќ постигна пет гола. Во вториот меч од оваа група од 18.30 часот се среќаваат Португалија и Македонија.

Се вчитува...