Норвешка и се реваншираше на Србија

Ракометната репрезентација на Норвешка и се реваншираше на репрезентацијата на Србија за минималниот пораз од пред три дена, откако денеска на домашен терен стигна до убедлив триумф од 35-25 во квалификациите за пласман на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.

Норвежаните за разлика од мечот во четвртокот денеска уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа позитива од пет гола (17-12). Во вториот дел рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 35-25..

Сандер Сагосен со 12 гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Oрбовиќ и Марсениќ постигнаа по четири.

Пласман на Европското првенство денеска избори и Унгарија која и вторпат беше подобра од Швајцарија (36-27).

 

Се вчитува...