Енис Барди би можел да се врати назад во шпанската Ла Лига откако Валенсија покажа сериозен интерес, па испрати и официјална понуда до Трабзонспор за услугите на македонскиот репрезентативец.
Тренерот Бјелица не смета сериозно на нашиот интернационалец, Трабзонспор отворено бара купец за Барди, но планот на челниците на Валенсија е тој да дојде на „Месталја“ на едногодишна позајмица. Понудата на Валенсија изнесува минимална отштета за позајмицата, со тоа што шпанскиот клуб притоа целосно би ја покрил платата што му следи на Барди според договорот што го има со Трабзонспор.
На потег се челниците на турскиот прволигаш, кои сакаат да го продадат Енис за отштета од три милиони евра. Сепак, ако се знае дека тие се мачат да најдат купец под овие услови, лесно може да се случи Трабзон да ја прифати понудата на Валенсија и Барди да се врати назад во Шпанија, каде ги имаше најдобрите моменти во кариерата ако член на Леванте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

