Бомба од Италија: Александар Трајковски се враќа во Серија А

Еден од најдобрите македонски фудбалери Александар Трајковски би можел да направи кам-бек во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Напаѓачот кој минатата сезона ја помина во шампионатот на Саудиска Арабија во моментов е мета на повратникот во калчолигашката елита Џенова.

Трајковски од 2015 година беше дел од италијанскиот фудбал во Палермо, а после заминувањето имаше неуспешни предизвици во Мајорка, па дански Алборг, за да заврши во саудиска Ал Фејха.

Македонија веќе имаше свој фудбалер во Џенова во името на Горан Пандев кој шест години играше за овој клуб.

Се вчитува...