Младиот фудбалски репрезентативец на Македонија Андреј Стојчевски беше еден од главните виновници за пласманот на неговата Жилина во второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Младиот македонски фудбалер беше стрелец за својот тим во гостинската победа од 1-2 над Левадија, со која Словаците го потврдија пласманот во следната фаза кој се надзираше и по првиот меч одигран во Словачка.
Нашиот фудбалер беше стрелец на вториот гол за својот тим во судиското надополнување во првото полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА