Осасуна е во пол-позиција за потписот на Енис Барди

Голем број на клубови од Шпанија и Италија се заинтересирани за одличниот македонски играч за врска Енис Барди.

Како што пренесуваат медиумите од Пиринеит, Осасуна е во пол-позиција за неговиот потпис. Тренерот на клубот Хагоба Арасате е фан на Барди кого го познава од времето кога Енис играше за Леванте.

Барди изрази желба дека сака да остане во Трабзонспор, но лошата финансиска ситуација на клубот најверојатно ќе доведе до негово заминување.

Покрај Осасуна во игра за потписот на Македонецот се уште се и: Валенсија, Жирона, Торино…

Се вчитува...