Миовски по камбекот: Конечно, пак на терен…

Бојан Миовски не го криеше задоволството што на вчерашниот пријателски меч со Престон конечно успеа да се врати на терен, два месеци по тешката повреда на зглобот заработена пред крајот на ланската сезона.

Македонскиот голгетер влезе во игра во второто полувреме, имаше една добра ситуација во која не успеа да се запише меѓу стрелците, но најважно сепак е што проблемите со повредата ги остави зад себе.

„Два месеци по повредата и со тежок период зад мене, конечно се вратив на терен. Благодарност до сите за подршката во овој период“, порача Миовски по натпревар.

Се вчитува...