Елиф Елмас се наоѓа на подготовки со Наполи, а македонскиот репрезентативец во дел од слободното време се појави во интервју за клупската веб-страница, во кое учествуваше во мини-квизот „Погоди ги тетоважите“.
Елмас во интервјуто изјави дека самиот нема ниту една тетоважа и воопшто не е заинтересиран за такво нешто, но и напомена дека е импресиониран од дел од тетоважите на соиграчите.
Од четирите тетоважи што му беа покажани македонскиот „дијамант“ ги погоди сите четири (Контини, Политано, Симеоне и Оливера).
Погледнете го ова интересно интервју со најдобриот македонски фудбалер во моментов…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА