Младинскиот репрезентативен голман Кристијан Ѓорѓиевски својата кариера ќе ја продолжи во членот на германската регионална лига БКСК Олимпиа.
19-годишниот Ѓорѓиевски потпиша договор со БСК Олимпиа каде ќе настапува низ следната натпреварувачка сезона.
Ѓорѓиевски потекнува од фудбалската школа на штипска Брегалница, а претходно во кариерата настапуваше и за Њустарс и за второлигашот Кожуф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА