Поранешниот шпански шампион, покрај Осасуна, Леванте и Жирона, кои исто така се заинтересирани за Барди, е уште еден во низата клубови кои веќе имаат понуда до македонскиот фудбалер од средниот ред.
Како што е познато, Барди веќе пет години живееше во Валенсија но настапувајќи за Леванте, од каде се пресели во Трабзонспор.
Една од опциите за преселба во Валенсија е да игра на „Местаља“ како позајмен играч од Трабзон, иако како што пишува „Ел Гол Дигитал“, Валенсија е силно загреана и за негов комплетен ангажман. Валенсија би издвоила три милиони евра отштета до Трабзон за трансфер на Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА