Хрватите се воодушевени: Стефан Ристовски е успешен експеримент на тренерот Бишчан

Стефан Ристовски со години наназад одлично се снаоѓа на позицијата десен бек, но македонскиот репрезентативец доби нова улога од тренерот на Динамо Загреб, Игор Бишчан, па на последните средби на „модрите“ настапува како централен дефанзивец во срцето на одбраната.

Иако Динамо ја почна сезоната со пораз на „Пољуд“ од Хајдук, импресиите за настапите на македонскиот фудбалер како командант на одбраната на хрватскиот шампион се максимално позитивни, особено по неговото беспрекорно издание на синоќешниот дуел против Астана во рамките од квалификациите за Лигата на Шампионите.

„Она што за Бишчан може да биде и патоказ за продолжението на сезоната е улогата на Стефан Ристовски. Стандардниот десен бек исто како и против Хајдук настап во средината на одбраната. Додуша, Бишчан и порано го користел Македонецот како стопер, но најчесто на дерби-дуелите како одговор за Марко Ливаја, кој потешко се снаоѓа против ниски и брзи дефанзивци. Стефан е брз и многу добро може да ја покрие дупката зад последната линија, ако се знае дека Ливаковиќ не е голман кому истрчувањата надвор од шеснаесетникот му се силна страна. Покрај тоа, македонскиот репрезентативец нуди интересни решенија и кога Динамо има посед. Кога Динамо јаимаше топката високо, Ристовски влегуваше во средина практично во улога на додатен играч за врска. Таму добро служеше за менување на страната на која ќе тече играта, беше блиску за да ги освои загубените топки, а неколку апти и успешно шутираше кон голот“, пишува анализата на порталот „Индекс“, која максимално позитивно го оценува овој експеримент на тренерот Бишчан.

Се вчитува...