Доријан Бабунски и неговиот Дебрецин направија голем чекор кон пласман во 3. квалификациско коло во најмладото клупско натпреварување во Европа, Конференциската лига.
Имено, унгарскио великан денеска во првиот натпревар од програмата славеше на гостувањето кај ерменскиот Алашкерт со 0-1.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 50. минута кога Лончар на асистенција на нашиот Бабунски го постигна победничкиот погодок.
Доријан беше стартер за својот тим и го одигра целиот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

