Јован Манев: Се чувствувам одлично во првиот тим на Адана, сега фокусот ни е Европа

Македонскиот репрезентативец Јован Манев имаше повеќе од квалитетен настапи за турската Адана Демирспор во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

На дуелот на неговиот тим на гостувањето против Клуж во Романија, Адана одигра без победник (1-1)на првиот натпревар со што на реваншот на домашен терен со сериозни шанси ќе брка пласман во следната рунда натпревари.

„Јасно е дека нашите амбиции се пласман во следното коло. Верувам дека ќе продолжиме понатаму затоа што Адана Демирспор е поквалитетен тим од романската. Се чувствувам одлично што добивам веќе сериозна доверба во првиот тим од стручниот штаб. Сите погледи сега ни се насочени кон реваншот со Клуж на 3. август а потоа желбата е секако групите во Конференциската лига“ – вели Манев.

Се вчитува...