Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми поради приватни обврски поврзани со продолжувањето на клупската кариера и решавање на администратвните прашања за враќање во редовите на Динамо Загреб, утре наутро заминува за Загреб.
Откако ќе ги реши административните прашања поврзани со неговиот нов клупски ангажман, повторно ќе се стави на располагање на националниот тим за натпреварите против Италија и Малта.
Фудбалерот од средниот ред се јави на повикот на селекторот Благоја Милевски и покрај повредата на листот на левата нога, повреда која го ограничи на само пет минути игра на последниот натпревар од првенството во Кина.
„Одлуката е донесена во договор со селекторот Благоја Милевски. Нашиот предводник се надева дека Адеми ќе биде на располагање за настап против Италија, односно повредата нема да го спречи да даде придонес во натпреварите против европскиот првак, Италија и мечот со Малта“ – информираат од Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА