Шкупи во битка со „ветерници“: Оган ќе ве изгори…, тргнете ги рацете од нашиот клуб!

Интересно соопштение на ФК Шкупи со многу нејасностии до кого и како е упатено, но со повик до злонамерните, кои би требало да се препознаат во истото, да ги тргнат рацете од клубот.

Шкупи преку кратко соопштение на својата официјална страница денеска нагласува дека веќе е загубено трпението на челнците на клубот…

„До ден денес не сте му користеле на нашиот клуб. Вие постоевте благодарение на овој клуб. Купивте она што го сакавте и продадевте она што сакавте да го продадете. Но, сега тргнете ги рацете, нашето трпение има граница, а ние сме на крајот од оваа граница. Овој оган ќе ве изгори сите, ви го повторуваме нашиот совет, тргнете ги рацете од Шкупи“ – се вели во соопштението од еден од најдобрите македонски клубови.

Се вчитува...