Фудбалерите на штипска Брегалница запишаа уште една убедлива победа за време на подготвителниот период.
Овој пат, по претходната убедлива победа од 1-5 на гостувањето против Беласица во Струмица, штипските „сини“ славеа денеска убедливо со 5-1 и против српскиот прволигаш Дубочица.
Брегалница на Градскиот стадион во Штип победата ја најави со три гола уште во првото полувреме на Колин Андерсон, Лука Робакидзе и засилувањето Ремзифаик Селмани од пенал.
Во второто полувреме еврогол од 40 метри постигна и Кинг Канформ Соломон за 4-0, а на 5-0 зголеми Ѓорѓиев во 72. минута. На крајот Дубочица постигна само почесен гол за конечни 5-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

