По двата претходни порази, фудбалерите на Вардар ја запишаа првата победа за време на подготовките во турската Анталија.
„Црвено-црните“ денеска славеа против узбекистанскиот прволигаш Металург Бекабад со 2-0.
Избраниците на Горазд Михајлов до победата дојдоа со головите на Марјан Ристовски и Матеус Лемос.
Следниот натпревар за Вардар во Анталија е во понеделник (5. февруари) против швајцарската екипа Креузлинген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

