Фудбалерите на Работнички ремизираа (1-1) со полскиот Тихи во третиот натпревар од групната фаза на „Медулин Куп 2024“ кој се игра во Медулин, Хрватска.
„Романтичарите“ имаа водство од 1-0 по првото полувреме со голот на Влатко Стојановски од 33. минута, но Полјаците успеаја да израмнат во второто полувреме со гол во 75. минута. Претходно, Работнички славеше со 2-0 против хрватскиот Карловац, а ремизираше (2-2) со Младост ДГ од Црна Гора.
Силекс испушти победа на пријателскиот натпревар против албанскиот Поградец.
Кратовци по првото полувреме имаа водство од 2-0 со головите на Масевски и Манасиевски, но на крајот дуелот заврши без победник откако Албанците постигнаа два гола во финишот за конечни 2-2.
Охрид, пак, го совлада Пелистер со 1-0 на меѓусебниот тест дуел, со голот на Оливер Дишлиевски во второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

